Турците ја „провоцираат“ УЕФА да ги казни

Турските фудбалски репрезентативци добриот резултат од 1-1 на гостувањето кај Франција го прославија со војничко салутирање во чест на војниците кои ги нападнаа позициите на Курдите во Сирија. За УЕФА ова е скандалозно мешање на политика и спорт.

Ова не е првпат вака да отпоздравуваат. Истото се случи и по голот на Тосун во петокот против Албанија, за што добија опомена, но не се загрижија и го повторија делото и среде Париз, каде што на трибините имаше огромен број турски фанови кои создадоа атмосфера како да се игра во некој турски град, а во срцето на Франција.

УЕФА по мечот со Албанија најави можност за покренување истрага, а бидејќи по вторпат се случи истото, Турците дефинитивно ризикуваат да добијат казна или суспензија која може да им го загрози речиси сигурното место на ЕП 2020.

Се разбира, освен фудбалерите, и навивачите поздравуваа со војничкиот поздрав.

- Оглас -

Најнови вести