2701 КуПС – Гнистан (17.00 часот)
Домашните се фаворити на овој меч од финската лига. КуПС има десет бода повеќе, но и два меча повеќе. Гнистан е тим кој во 12 кола има по четири победи, порази и ремија. Во последните две кола, играа нерешено, а КуПС кој е втор со 8 победи во 14 кола и се бори за место во плејофот, во минатото коло конечно победи и прекина црна низа од четири меча без триумф. Пред два месеци, КуПС како гостин го победи Гнистан со 2-1.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.30)
3583 Иберија 1999 – Торпедо Кутаиси (18.00)
Ова е меч за третото место во грузискиот Суперкуп, откако двата тима загубија во полуфиналето. Тука е тешко да се предвиди каков ќе биде исходот, подобро да се игра на голови, бидејќи ќе ги нема мотивите. Торпедо во полуфиналето загуби на пенали и веројатно нив потешко им падна поразот. Иберија има серија од три победи по ред во меѓусебните дуели против Торпедо, последен пат се сретнаа пред два месеци, и резутатот беше 1-0.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.35)
3563 Рига ФК – Јелгава (19.00 часот)
Рига е најсилен тим во Летонија, има пет бода пред вториот после 20 рунди, а има и најдобар напад и најцврста одбрана во лигата. Рига е во серија од дури 14 победи едноподруго, не се сомневаме дека ќе дојде и 15-тата во низа. Јелгава е шеста на табелата и има два порази по ред. Овие два тима последен пат играа меѓусебе на 10-ти мај, кога истотака Рига беше домаќин и победи со 2-0. Последните три меѓусебни дуели секогаш има беа со 0-2 гола.
Предлог тип: 1-1 & 0-4 (2.14)
4844 Вондерерс – Валур (21.00 часот)
На овој натпревар од канадската Премиер лига, би требало да победи домашниот тим кој има 21 бод, наспроти Валур кој има само 8 бодови од 11 меча. Валур ја има и најлошата гол-разлика, дадоа само 9 гола, а примија 26. Вондеререс има шест победи по 12 кола и се бори за што пократок пат до полуфиналето на плејофот. Последната гостинска победа на Валур беше лани во јули.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.86)
6000 Реал Мадрид – Јувентус (21.00 часот)
Најтрофејниот шпански и најтрофејниот италијански тим вечерва во Мајами ќе се борат за влез во четвртфиналето на Светското клупско, се борат и за парична награда, а тој што ќе триумфира ќе има одлични шанси да влезе и во полуфиналето, со оглед на тоа дека во четвртфинале ги чека Борусија Дортмунд или Монтереј. Јуве на сите три меча досега на СКШ даваше два или повеќе голови, но против Манчестер сити прими пет. Овие два гиганти уште од 2018 година немаат играно официјален меѓсебен меч. Фаворитската улога ја има Реал, а мечот ќе биде посебно интересен за турската публика поради дуелот на нивните ѕвезди Јилдиз и Ѓулер.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.80)