Турците најавуваат: Обрадовиќ си оди од Фенер и ќе го менува Пешиќ во Барса

Познатиот турски весник „Сабах“ објави информација дека славниот српски кошаркарски стручњак Жељко Обрадовиќ на крајот на оваа сезона ќе го напушти Фенербахче, по што ќе си земе една година одмор, а во 2021 ќе го наследи сонародникот Светислав Пешиќ на клупата на Барселона.

Обрадовиќ е најтрофеен европски тренер по бројот на евролигашки титули, но сезонава на Фенербахче не му оди добро, веќе не се најдобар тим ниту во Турција, па популарниот Жоц ќе си оди. „Сабах“ најавува дека нов тренер на Фенербахче ќе биде актуелниот кормилар на Жалгирис, Шарунас Јасикевичиус.

Жељко има понуда и од Панатинаикос, со кого освои пет европски титули, но пореално е да почека до летото 2021 и тогаш да ја преземе Барселона како наследник на Пешиќ, кому договорот му истекува во таа 2021. Обрадовиќ пред 25-26 години освои европски титули и со Реал Мадрид, односно Хувентуд, па Барселона би му била трети шпански клуб кој би го водел.

- Оглас -

Најнови вести