Уште 45 минути останаа до расплетот во групата А на ЕВРО 2020. Како што стојат работите, Италија ќе го освои првото место со максимални 9 бода бидејќи по првото полувреме, води против Велс со 1-0. Иако Роберто Манчини одмора дури осуммина стартери кои го почнаа претходниот меч, и резервистите се покажаа како доволно силни за да водат против Велс.
Швајцарија води со 2-0 против Турција, погодија Харис Сеферовиќ и Џердан Шаќири, но на Швајцарците им требаат уште два гола или еден, ама и Велс да прими уште некој за да бидат втори. Второто место во оваа група А воопшто не е лошо бидејќи во осминафинале треба да игра со вториот од групата во која се Белгија, Русија, Финска и Данска.
Ако ситуацијата остане ваква, Велс ќе биде втор и оди во осминафинале, а Швајцарија ќе чека да завршат другите групи, па да знае дали како третопласирана со 4 бода ќе оди понатаму во нокаут-фазата.