Турците навиваат за Елмас да си замине од Наполи

Градските ривали Интер и Милан пројавуваат интерес за ангажман на Елиф Елмас, а ќар од евентуален трансфер на македонскиот фудбалски репрезентативец ќе има и Фенербахче, клубот од којшто Дијамантот премина во Наполи.

Ако 22-годишниот Елмас го напушти Наполи, дел од отштетата ќе добие и истанбулскиот гигант. Елмас во 2019 година замина во Наполи за 16,2 милиони евра, а според договорот, Фенербахче ќе добие и некој милион од наредниот трансфер на Елиф.

Се шпекулира дека Милан би го понудил Анте Ребиќ како замена, но претседателот на Наполи не сака трампа, туку пари. Можноста за заминување на Николо Барела од Интер го вклучи алармот во клубот, па и во Интер го имаат Елмас на листата на потенцијални освежувања во составот ако си замине Барела, кој се поврзува со Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести