Турците ни го покажаа патот – Лалиња вредни 500 милиони евра овенаа во Истанбул (Видео)

Турција ја победи Холандија со 4:2 во Истанбул во премиерниот меч во европските квалификации за настап на Мундијалот во Катар идната година.

Холанѓаните кои ќе и бидат противник на Македонија на ЕП во последниот меч од фазата по групи во Амстердам на 21. јуни „настрадаа“ на „Кемал Ататурк“ и со убедлив пораз ги почнаа квалификациите за СП.

Составот чиј селектор е Франк Де Бур и е проценет на над 500 милиони евра според индивидуалната вредност на репрезентативците доминираше со посед на топка од околу 65 проценти, но Турците дадоа двојно повеќе голови. Бурак Јилмаз беше јунакот со хет-трик за стартна победа во Г групата од квалификациите за настап на Светското првенство идната година.

Бурак Јилмаз постигна два гола во првото полувреме за убедлива предност на домаќините од 2:0, првиот со многу среќа, а вториот од пенал.

Веднаш на почетокот на второто полувреме Турците зголемија на 3:0 со голот на Хакан Чалханоглу, овојпат и со помош на холандскиот голман Крул, кој лошо го процени движењето на топката.

Голот на фудбалерот на Милан за 3:0 можете да го погледнете ОВДЕ.

Холанѓаните доцна се разбудија, постигнаа два гола за две минути, а стрелци беа Класен во 75. минута и Лук Де Јонг само 60 секунди подоцна.

Јилмаз со третиот гол на мечот во 81. минута, што го постигна со прекрасен шут од слободен удар ги разби сите надежи на Лалињата за избегнување на премиерниот пораз во квалификациите за настап на Мундијалот во Катар.

 

Мемфис Депај во судиското продолжение не успеа да го намали поразот, откако утна пенал, одосно голманот Чакир успеа да му го одбрани ударот од белата точка.

 

 

- Оглас -

Најнови вести