Турците со победа во Рига ќе ја прекинат лудата серија на Летонија

5111 Мозамбик – Камерун (Квалификации за СП, 15 часот)

Мозамбик има само теоретски шанси за подвиг и пласман на Мудијалот во Катар и ако сакаат да продолжат да се надеваат на чудо мора да го победат Камерун.

Пред три дена популарните Мамби загубија во Јаунде со 3:1,па и сега се аутсајдери против една од најмоќните фудбалски селекции во Африка.

Камерун досега на три меѓусеби дуели секогаш го победуваше Мозамбик, а и сега има подобар тим, со светски познати ѕвезди од калибарот на Чупо-Мотинг, Абубакар, Екамби, Ангуиса, Нгамалеу… што им дава надеж дека ќе ја продолжат серијата успеси против домаќинот.

Оваа група е многу тешка, тука е и Брегот на Слонова Коска и само првото место води во Катар, па Камерун мора да победи. Мозамбик е последен со само еден бод, па и тие нема што да загубат.

Двојката е реалност, а типуваме дека и Мозамбик ќе успее да постигне гол.

Предлог тип: 2&ГГ (4.40)

 

6051 Летонија – Турција (Квалификации за СП, 20.45 часот)

Луда е серијата на Летонија без ниту еден пораз против Турција на шест меѓусебни дуели, со оглед на рејтингот и реномето на двете репрезентации.

Иако Турците имаат многу поголемо педигре од ривалот сепак досега ниту еднаш не се радувале на триумф, серија на кој денеска и се гледа крајот.

Во 2003 година Летонија ја победи Турција со 1:0 и оттогаш одиграа уште пет меча и сите завршија нерешено, а и на сите имаше голови во двете мрежи.

Домаќините се претпоследни на табелата во Г групата и можат да одиграат порелаксирано, бидејќи Катар нема да го видат во 2022 година.

На Турција и гори под нозе и секој кикс до крајот на квалификациите ќе значи простување од амбициите да се игра на Мундијалот, идната година.

Во март годинава одиграа луд меч во Истанбул на кој домаќините прокоцкаа предност од 3:1, па Летонија со два гола во финишот пак избегна пораз.

Време е за прв триумф на Турција, а типуваме дека и Летонците ќе го најдат патот до мрежата на гостите.

Предлог тип: 2&ГГ (3.40)

 

6729 Естонија – Велс (Квалификации за СП, 20.45 часот)

Велс нема пораз од Естонија на три меѓусебни дуели, но ремито во Кардиф минатиот месец може да ги чини скапо, особено ако вечерва по третпат во четвртиот меч не ги победат домаќините.

Гостите се фаворити, но ќе мора да играат без Герет Бејл кој е повредени веројатно без Бен Дејвис и Давид Брукс. Тоа е хендикеп за Змејовите, кои бијат битка со Чешка за второто место во Е групата што гарантира бараж мечеви за пат во Катар.

Белгија е недостижна на врвот со 16 бода, а Чесите и Велшаните имаат по 8, но денешниот ривал на Естонија има и меч повеќе за одигрување.

И Естонците се вратија во живот со победа против Белорусија, па и тие се надеваат на чудо и на бараж. Велс има подобра репрезентација и биланс од две победи и реми со Естонија, но поради отсуството на Бејл и веројатно и на Дејвис и Брукс ќе и дадеме шанса за евентуално реми на Естонија во тврд меч.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.42)

 

6797 Исланд – Лихтенштајн (Квалификации за СП, 20.45 часот)

И двете репрезентации од нашата група веќе немаат шанси за пласман на Светското првенство, па можат да одиграат меч за престиж. Исланд разочара во овие квалификации и овој тим не е ниту бледа сенка од хероите на нацијата, кои во 2016 година стасаа до четвртфиналето на ЕП.

Тогаш на сензаципнален начин ја елиминираа Англија, но потоа загубија од Франција. Моментно имаат голем пад, па мечот против слабиот Лихтенштајн им е шанса со убедлива победа барем за малку да го вратат оптимизот.

Гостите се меѓу најслабите селекции во Европа, а двапати по ред примија четири гола од Исланд, па типуваме дека повторно Рибарите ќе им ја наполнат мрежата.

Предлог тип: 4+ (2.22)

 

6727 Романија – Ерменија (Квалификации за СП, 20.45 часот)

Ерменија ја победи Романија во меч од нашата група во март, и оттогаш нема троумф. Ерменците тогаш беа први на табелата, но сега со Македонија и Романија бијат голема битка за второто место што носи бараж за пат во Катар.

Романците имаат одлична традиција и досега немаат примено гол од денешниот ривал кога играле на свој терен. Ова ќе биде тежок меч и за двете селекции, бидејќи пораз ќе значи драстично намалување на шансите за настап на Мундијалот во Катар.

И двете селекции имаат многу солидни селектори. И Мирел Радои и Хоакин Капарош си ја знаат работата, а овде Македонија ќе навива Роканците да не победат.

Ние ќе типуваме дека Ерменија ќе го прекине проклетството и дека конечно ќе постигне гол како гостин на Романија.

Предлог тип: Т2 1+ (1.62)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести