Тужба за ФИФА: Бараат 40 милиони долари и затворска казна за Инфантино

До таборот на ФИФА стигна тужба од Пабло Силва и Хаине Алемање, креаторите на спрејот кој го користат судиите за време на мечевите, поради неовластено користење на спрејот. Тужбата е поднесена до судот во Бразил, а креаторите бараат отштета од 40 милиони долари, но и затворска казна до 4 години за претседателот Џани Инфантино.

Како што наведуваат шпанските медиуми, Силва и Алемање имале договор со претходното раководство предводено од Сеп Блатер за користење на спрејот во вредност од 40 милиони долари, но не дочекале исплата по скандалите поврзани со поранешниот прв човек и смената управата. Светската фудбалска федерација и покрај тоа го користела материјалот под име на друг призводител од 2017 година па наваму, а меѓу доказите се мечеви од Мундијалот во Русија кој се одржа во 2018 година.

Наводно тужба ќе се поднесе и пред судот во САД, а доколку се докаже дека ФИФА без дозвола го користела спрејот сопствениците на патентот би можеле да наплатат по 15,000 долари поединечно за секое користење и на крај да добијат до 100 милиони долари отштета.

- Оглас -

Најнови вести