Крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, вчера наполни 18 години, а полнолетството го прослави со приватна забава на која присуствуваа околу 200 разни познати личности, но имало и луѓе со џуџест раст.
Од Здружението на луѓе со ахондроплазија и други скелетни дисплазии придружени со џуџест раст уверени се дека Јамал ангажирал луѓе со џуџест раст за забавни цели и затоа најавија тужба против шпанската фудбалска ѕвезда.
„Здружението го осудува вработувањето на луѓе со џуџест раст како забава за прославата на Јамал. Неприфатливо е вакво нешто во 21 век. Ќе преземеме мерки и во правната и во јавната сфера“, се вели во соопштението.
Има информации дека на забавата имало и 12 девојки, а критериумот за да присуствуваат бил да имаат руса коса, да имаат „одредена големина“ на градите и да не носсат мобилни телефони.