29.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Твенте ќе игра во Лигата на конференции

Фудбалерите на Твенте следната сезона ќе играат во Лигата на конференции откако во баражот беа подобри од Спарта Ротердам.

Твенте во реваншот за пласман во ЛК славеше со 1:0 и тоа благодарение на голот на Џошуа Бенет во 53-та минута.

Првиот натпревар од баражот кој се играше во Ротердам, заврши без победник, 1:1.
Твенте регуларниот дел од сезоната во Ередивизијата го заврши на петтото место и во полуфиналето од баражот беше подобар од Херенвен, додека Спарта беше шеста и во полуфиналето го елиминира Утрехт.

- Оглас -

Најнови вести