Твитер-коментарот на Линекер за мечот Сити – Атлетико е хит во светот (Фото)

Англиската фудбалска легенда Гери Линекер, кој често има интересни објави на „Твитер“, за натпреварот Манчестер сити – Атлетико Мадрид даде свој коментар кој предизвика многу реакции во јавноста.

„Ако овој меч се играше пред десет години и го гледавте без да знаете кој е кој, би се обложиле во својот живот дека тимот со сини дресови е шпански, а тимот во црвено-бело е англиски“, напиша Линекер.

Линекер со ова сакаше да ја пофали еволуцијата на англискиот клупски фудбал, особено на Манчестер сити, кој откако го донесе Пеп Гвардиола за тренер, игра „шпански фудбал“ со многу голем посед на топка и бројни додавања.

Граѓаните синоќа имаа 71 отсто посед на топката, а Атлетико во своите нозе топката ја имаше само 29 проценти од времето. Односот во корнери беше 9-0, шутеви 15-0, додавања 627-213. И покрај овие статистики, Атлетико загуби само со 0-1 и има шанса да се најде во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести