Скопски Вардар загуби од Ахмат Грозни со 0-1 во контролен меч одигран во Турција, каде што тимот се подготвува за вториот дел од сезоната.
Ова беше втор пораз на вардарци од руски суперлигаш без постигнат гол. Ахмат до победата дојде со гол од пенал во 25-та минута. Двата тима имаа шанси, но на крај резултатот беше 1-0.
На моменти имаше и тензии на овој пријателски меч, но сето тоа траеше кратко и беше во жарот на борбата.


