Тврдат дека биле избркани од СП: Нѐ третираа како животни

Поради коронавирусот, Светското ракометно првенство уште пред да започне, беше во хаос. Поради многу заразени ракометари и немањето можност да создадат соодветна селекција, репрезентациите на Чешка и САД го откажаа учеството, па на нивно место како „џокери“ беа повикани нашата репрезентација и Швајцарија.

Норвежаните и Данците ги притиснаа челниците на ИХФ и на крајот беше одлучено првенството да се игра без публика, иако на неколку дена до стартот се организираше планетарниот собир да биде со гледачи. И кога започна првенството, проблемите продолжија.

Репрезентацијата на Зеленортски острови по само еден одигран меч мораше да си замине, откако во нивниот состав се појавија повеќе заразени ракометари со Коронавирусот. Правилата на турнирот беа јасни, дека ако некоја селекција не може да собере минимум 10 здрави играчи, ќе загуби со службен резултат. Во случај ако тоа се повтори втор пат, репрезентацијата ќе биде дисквалификувања.

Зеленортски острови како дебитанти на СП, во првиот меч одиграа солидно против големиот фаворит Унгарија и загубија со 34:27. Но, потоа започнаа проблемите со заразени играчи, а африканската репрезентација мораше да си замине од турнирот по само еден одигран меч.

Капитенот на Зеленортски острови, Леандро Семедо кој игра во Адемар Леон, открива дека огромен бил притисокот врз нивната репрезентација да си замине од Египет.

„Кон нас се однесуваа како кон животни. Сите на нас гледаа како да сме вирус кој се движи. Ако ова се случеше на Германија или Шпанија, односнот на ИХФ сигурно ќе беше различен. Не знам дали некој од ракометарите се заразил на подготовките, а потоа некој од тестовите покажал дека е негативен, за да кога се појавивме во Египет, тестот да му е позитивен. Не сум лекар, не знам колку се точни тестовите. Знаевме дека дуелот против Уругвај за нас ќе беше клучен за да играме во втората фаза. Бевме подготвени да ги победиме, но ни забранија да играме“, раскажува Семедо.

 

- Оглас -

Најнови вести