Според хрватскиот портал „24сата“, ракометниот клуб Вардар 1961 платил отштета од 30.000 евра за тренерот Иван Чупиќ кој дојде од Метковиќ.
Легендарниот Хрват е играчка легенда и на Црвено-црните, со негов гол Вардар првпат стана европски првак, а во претстојната сезона ќе го води тимот од клупата.
Не е баш вообичаено во хрватскиот ракомет, Метковиќ е еден од ретките хрватски клубови кои добиле отштета за тренер, и тоа од 30.000 евра, коментираат во „24сата“.