У-17 тимот доцна тргна со напади

Два порази и една победа е билансот на македонската репрезентација за играчи до 17 години, на турнирот во Летонија. Денеска нашите таленти загубија од Финска со 1:3. Во првото коло, Македонија загуби од Русија со 0:1, потоа во второто ја надигра домашната Летонија со 2:0, а за крај, избраниците на селекторот Марио Вујовиќ беа совладани од Финска.

На мечот во Јелгава, Финците водеа со 3-0, а потоа „црвено-жолтите“ беа многу подобар тим, но постигнаа само еден гол во 63 минута, со кој го ублажија поразот. Финците во првите две кола беа поуспешни од домаќинот и од Русија, со по 2:0. Во Јармала, Русите одиграа 2:2 со Летонија, па тие се втори, а Македонија третопласирана на турнирот.

Оваа генерација на македонската репрезентација, во текот на октомври ја чекаат мечеви од квалификациите за Европското првенство, па трите средби во Летонија беа одлична подготовка и шанса за селекторот да ја види моментната форма на фудбалерите.

- Оглас -

Најнови вести