30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Уапсен човек кој сакал да го осквернави гробот на Коби Брајант

Еден човек денеска ја прескокнал малата врата преку која се влегува во оградениот дел околу гробот на Коби Брајант и ќерката Џана и со нож почнал да ги раскопува тревата и цвеќињата. Веднаш бил забележан и полицијата го привела. Не е познат идентитетот на човекот, ниту мотивите зошто би го сквернавел гробот на НБА-легендата и неговата ќерка, кои загинаа на 26 јануари во хеликоптерска несреќа.

Коби и Џана беа закопани на приватна церемонија во Корона дел Мар во сојузната држава Калифорнија.

- Оглас -

Најнови вести