Мадриската полиција го уапсила шефот на бугарската мафија во Шпанија поради обид да изнуди пари од управата на фудбалскиот тим Севиља ,објавија шпанските медиуми.
Бејхан Мези Рафи, попознат како „Иво Бугаринот“, беше уапсен во стан во Мадрид во полициска акција во понеделникот рано наутро.
Водачот на криминална група е обвинет дека изнудувал пари од најмалку еден член на раководството на Севиља, откако побарал наводен долг од половина милион евра за турнејата низ Мексико на која требало да замине Севиља, но „Иво Бугаринот“ не ја реализирал.
Покрај шефот на бугарската мафија во Шпанија, уште четири лица биле уапсени во акцијата.