Уапсен ексфудбалер на Партизан, сакал да помине граница со пиштол и 126 куршуми

Поранешниот фудбалер на Партизан, Симон Вукчевиќ пред шест дена бил уапсен на граничниот премин Гостун и е задржан во притвор во Ужице.

Високото обвинителство во Ужице му одредило 30-дневен притвор на Вукчевиќ поради недозволено носење оружје и муниција. Според медиумите, при редовна контрола, во неговиот автомобил бил пронајден пиштол и дури 126 куршуми во обидот од Србија да премине во Црна Гора.

Вукчевиќ кариерата ја започна во родната Црна Гора, потоа играше за Партизан, за Спортинг Лисабон, Блекбург, Карпати, Левадијакос, Енозис, Чавез, Војводина, а кариерата ја заврши во Будуќност.

Вукчевиќ има играно за две репрезентации, во 2004 и 2005 година одигра пет меча за селекцијата на Србија и Црна Гора, а потоа настапуваше за Црна Гора и одигра 45 натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести