Новиот играч на Партизан, Рашон Томас е во проблеми. Американецот бил уапсен во Тексас, откако во една рутинска контрола, полицијата во неговиот автомобил пронашла дрога.
Томас бил сопрен во понеделникот вечерта, а откако го отворил прозорот, полицајците намирисале марихуана. Веднаш бил направен претрес на возилото и биле пронајдени неколку апчиња екстази, како и 3,5 грама марихуана и две шишиња со масло од канабис.
#KKPartizan je upoznat sa dešavanjem u koje je umešan naš novi košarkaš, Rašon Tomas. Do dobijanja zvaničnih informacija iz policije u vezi sa njegovim učešćem i okončanja slučaja, klub se neće oglašavati. U slučaju potrebe, klub će reagovati u skladu sa disciplinskim pravilnikom
— Ostoja Mijailovic (@Ostoja1945) August 1, 2019
„Томас возел автомобил Киа Оптима, а кога бил сопрен од полицијата, тие забележале дека конзумира марихуана“, стои во полицискиот извештај.