Уапсен претседателот на Фудбалската асоцијација на Украина!

На денот кога украинската репрезентација гостува во Скопје, уапсен е првиот човек на Фудбалската асоцијација на Украина, Андриј Павелко.

На Павелко од судот во Лвов му е одреден 60-дневен притвор без право на кауција со која би бил ослободен, а поради сомнеж на финансиски малверзации околу собирањето пари за изградба на фабрика за произведување вештачка трева за терените низ Украина, тој зад решетки останува најмалку до 14 август.

Павелко е и член на Извршниот комитет на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести