Уапсен Рајан Гигс

Рајан Гигс, селекторот на Велс, бил уапсен во неделата доцна навечер, тврдат англиските медиуми. Полицијата влегла во домот на Гигс откако соседите претходно слушнале врисоци и бучава. Подоцна се потврдило дека Гигс ја нападнал својата девојка Кејт Гревил.

„Полицијата била повикана да интервенира во 22:05 часот по пријава за врисоци. Жена на 30 години претрпела лесни повреди по нападот од маж кој има 46 години. Мажот е уапсен“, стои во соопштението на полицијата.

Подоцна Гигс бил пуштен со кауција, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Легендарниот фудбалер кој целата играчка кариера ја помина во Манчестер јунајтед е во врска со Гревил од 2017 година, кога се разведе од својата жена Стејси. Претходно Гигс со години ја изневерувал Стејси, и тоа со Наташа, која беше жена на неговиот роден брат Родри.

 

- Оглас -

Најнови вести