Фудбалер кој игра во англиската Премиер лига синоќа е уапсен од полицијата во северен Лондон поради сомнеж дека силувал девојка. Фудбалерот веднаш бил однесен во притвор, а засега не се знае неговото име.
Шпекулациите се дека се работи за репрезентативец на Англија кој има 29 години, а е уапсен за силување на 20-годишна девојка.
„Во плицијата на 4 јули било пријавено силување на 20-годишна девојка. Истиот ден е уапсен 29-годишен маж под сомнение дека го извршил силувањето и тој сега се наоѓа во притвор“, стои во извештајот од лондонската полиција.
Во англискиот фудбал неодамна имаше еден ваков скандал кога Бенџамин Менди, фудбалерот на Манчестер сити, беше обвинет за повеќе силувања.