Уапсени 11 девојки кои наместо да седат во карантин, играле фудбал!

Во аргетинскиот град Чако се случи еден несекојдневен инцидент, полицијата приведе 11 девојки кои играле фудбал и со тоа го прекршиле правилото за седење во домашен карантин и социјална изолација. Наместо да седат дома, тие играле мал фудбал, на терен предвиден за две екипи со по пет играчи.

Меѓу фудбалерките, една имала помалку од 15 години, додека останатите десет биле полнолетни на возраст од 19 до 30 години. Сите биле однесени во полициска станица, им биле земени податоци, а неколку часа подоцна биле пуштени. Кривична пријава ќе има и за одговорните кои им дозволиле на девојките да играат на ова игралиште, кое требало да биде заклучено.

- Оглас -

Најнови вести