Уапсени двајца премиерлигашки фудбалери осомничени за силување

Двајца 19-годишни фудбалери кои настапуваат за ист клуб од англиската Премиер лига, биле уапсени поради сомневање дека извршиле силување.

Полицијата влетала на стадионот каде тие тренирале и ги привела. Едниот е осомничен за напад и помагање при силување, а тој и пред апсењето дал изјава во полиција. Другиот прво е приведен, па испрашан. Двајцата се пуштени на слобода откако е платена кауција.

Истрагата е во почетна фаза, па не се откриваат имињата на играчите кои наводно го направиле кривичното дело, како ни името на клубот за кој играат.

- Оглас -

Најнови вести