20.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Уапсени две лица пред домот на Озил

Две лица биле уапсени од страна на обезбедувањето пред домот на ѕвездата на Арсенал, Месут Озил. Сомнителните лица биле приведени во полициска станица во четвртокот, а се шпекулира дека се поврзани со нападот кој се случи врз Озил и Колашинац на 8 август.

Според информациите на наджлежните органи, познати се имињата на осомничените биле фатени пред имотот на Озил. На Ферхат Ерчан и Саламан Екинчи поради сомнение за напад ќе им се суди на 6 септември.

Непознати сторители се обидоа да го украдат возилото на Германецот, кој беше во придружба на босанскиот фудбалер.

Поради инцидентот, двајцата играчи на Арсенал денес нема да бидат во составот на Унаи Емери во пресрет на гостувањето кај Њукасл во првото коло од Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести