21.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Уапсениот во Лондон не сакал да изврши масакл на „Стенфорд бриџ“, само одел на маскенбал

По завршувањето на лондонскиот дуел меѓу Челзи и Фулам, во близина на стадионот „Стенфорд Бриџ“ се одвиваше вистинска драма, кога полицијата уапси еден маж за кој се сомневаше дека сакал да направи масакр по улиците.

Уапсениот бил во борбена опрема, со панцир, шлем и огнено оружје, како и дополнителна муниција. Веднаш интервенирала полицијата и бил спречен можен масакр.

Сепак, подоцна се утврдило дека мажот кој бил уапсен, воопшто немал криминални намери. Човекот воопшто немал ниту криминално досие, а тој така бил облечен затоа што тргнал да оди на маскенбал. Неговиот несреќно избран костим предизвикал паника кај илјадниците луѓе кои во тоа време заминувале од стадионот.

По краткотрајната драма на улицата, уапсениот човек на крајот бил пуштен без никакво обвинение. Едноставно имал лошо избор на костум и во лошо време поминал на место каде што очигледно предизвикал голема паника.

- Оглас -

Најнови вести