Дваесетината навивачи на Левски кои беа приведени синоќа, денеска се ослободени, а на една страница на „Фејсбук“ се објавени фотографии за кои се тврди дека се од тоалетот каде што престојувале уапсените Бугари.
Фановите на Левски биле држени во мизерни услови, според нив, на навивачите не им се давала храна, а вода можеле да пијат само од чешмата во тоалетот, во кој условите биле полоши и од оние јавни WC кабини во зафрлени места.
Синоќа навивачите на Левски долго останаа на трибината на „Тодор Проески“, не сакаа да си одат дома без уапсените и собираа пари за плаќање на казните.
Инаку, навивачот кој беше прободен со нож, не е во животна опасност и закрепнува во болница.
Бугарите при гостувањето на Левски кај Шкупи, се жалеа и на катастрофалниот терен на стадионот во Скопје и за третманот на нивните фанови при влезот на стадионот, каде што од нив се барало да си соблекуваат чевлите.