Убав гест на фудбалските репрезентативци: Далеку сме само физички, со срцето и душата сме со својот народ

Македонските фудбалски репрезентативци приредија убав гест со донација на опрема со која ќе помогнат Македонија полесно да се справи со пандемијата со корона-вирус.

Донацијата пристигна во здравствените домови во Скопје, а се состои во заштитни маски, скафандери, средства за дезинфекција, ракавици….

„Апел од нас фудбалерите на репрезентацијата А на нашата сакана земја. Иако сме далеку физички, ние сме со цело срце и душа со нашиот народ. Денеска дониравме одредена количина заштитна опрема за медицинскиот и помошниот персонал во ГОБ „8 Септември“ и КИФБ Скопје. Дониравме и одредени количини маски, скафандери, капи, средства за дезинфекција, гелови, хируршки маски и заштитни визири. Ви благодариме што се грижите за нашите сограѓани не штедејќи се себеси во оваа заедничка битка. Воедно ги повикуваме сите кои се во состојба да донираат, да го направат тоа сега, кога е најпотребно. Длабока почит кон медицинските тимови и целиот помошен персонал“, објавија репрезентативците на своите лични фејсбук-профили.

Пандев и соиграчите и претходно имаа свои донации како помош за граѓаните на Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести