Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас по 25 натпревари го постигна својот прв погодок во Серија А по враќањето во дресот на Наполи.
На дуелот против Торино на стадионот „Диего Армандо Марадона“, Елмас се запиша во листата на стрелци во 68-та минута. По прецизното додавање од Политано, македонскиот фудбалер со атрактивен волеј-удар ја испрати топката во мрежата на гостите.
🚨🤯 | GOAL: ELJIF ELMAS DOUBLES THE LEAD FOR NAPOLI!
— Futball Centa (@futballcenta) March 6, 2026
Napoli 2-0 Torino.
pic.twitter.com/d1JNJo35Xh
За македонскиот ас ова беше прв погодок по пауза од речиси една година. Последен пат се радуваше на гол додека настапуваше за Торино, кога беше стрелец на натпреварот против Верона.

