Бобан Николов се израдува на неговиот прв погодок во групната фаза од Лигата на шампиони и тоа во последната минута од мечот против Шахтар Донецк. Македонскиот репрезентативец влезе во 46 минута и токму тој го даде голот за 1:1 и го спаси Шериф Тираспол од пораз.
Молдавскиот првак кој е дебитант во Лигата на шампионите одигра одлично во групната фаза и заврши со седум бодови, што значи дека продолжува во нокаут фазата од Лигата на Европа.