Убав предизвик за ракометарките, инкасираа 10 илјади евра, ќе добијат уште 30 илјади за пласман на СП

Челниците на Ракометната федерација на Македонија се задоволни од настапот на нашата женска репрезентација во квалификациите кои се успешно апсолвирани и одлучија да ги наградат ракометарките со 10 илјади евра.

Успех против Словенија во јунските два бараж-дуели нè носи на Светското првенство во Јапонија, а ќе им донесе и дополнителен бонус на репрезентативките од 30 илајди евра.

„Сакаме да сториме сè што е во наша моќ ракометарките да ги имаат сите услови за успешен настап во баражот“, изјави Живко Мукаетов, првиот човек на Ракометната федерација на Македонија.

Ќе им бидеме домаќини на Словенките во терминот од 31-ви мај до втори јуни, а реваншот ќе се игра на осми или деветти јуни следната година.

- Оглас -

Најнови вести