Убава шанса за младите фудбалери на Македонија: Борусија Дортмунд и Баерн Минхен ќе „скаутираат“ во Скопје, фокусот им е кон германскиот суперталент

Скаутите на германските гиганти, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд претстојниве денови ќе бидат во Скопје каде што се надеваат дека ќе го проследат настапот на младиот репрезентативец, Карим Адејеми.

Членот на сениорската селекција на Германија со своите настапи во дресот на австриски Салцбург привлекува големо внимание со своите настапи и се проценува дека ќе биде новиот Ерлинг Халанд.

Ваквата посета на скаутите претставува огромна можност за нашите млади фудбалери да покажат што знаат и умеат, па зашто да не и да си обезбедат трансфер во некој од овие два тима.

Кога сме кај Адејами, има само 18 години а на 16 натпревари за австрискиот тим, тој има постигнато 11 погодоци. За „А“ селекцијата на Германија дебитираше на минатата средба против Романија, кога влезе пред самиот крај, а според најавите од оваа држава, тој на средбата против Македонија ќе добие многу порано шанса.

Неговата моментална вредност на пазарот е проценета на 20 милиони евра, но, ако продолжи со одличните настапи, тогаш несомнено истата нагло ќе порасне.

- Оглас -

Најнови вести