Убавата Дилета ќе му среди трансфер на Кариус во Италија, и тоа во клуб кој беше европски првак!

Најсексипилната спортска новинарка во Италија, Дилета Леота, го теши својот сакан Лорис Кариус по поразот во финалето на англискиот Лига куп со ветување дека ќе се обиде да му обезбеди трансфер во Серија А, и тоа во гигантот Интер.

Кариус е трети голман во Њукасл, доби шанса да брани во финалето затоа што првите двајца чувари на мрежата на Чавките немаа право на настап од разни причини.

Медиумите во Италија пишуваат дека Интер летово ќе купи нов голман бидејќи Самир Хандановиќ планира да се повлече, па се бара конкуренција за Андре Онана. Клубот ја следи ситуацијата со Кариус, а Германецот сигурно би сакал да оди во Интер и да биде поблиску до Дилета.

- Оглас -

Најнови вести