Убавата тенисерка жали што нема дечко додека „дреме“ во карантин

Една од најатрактивните тенисерки, Канаѓанката Џунини Бушар, се пожали дека тешко го поминува времето во карантин. Таа вели дека многу позабавно ќе ѝ било доколку за време на изолацијата имала дечко кој би бил заедно со неа во овој период.

„Не дека се жалам, но овој карантин ќе беше многу позабавен доколку имав дечко“, напиша пред неколку дена Бушар на „Твитер“.

Веднаш по оваа објава на Бушар, се појавија голем број кандидати кои би и правеле друштво на атрактивната спортистка.

 

- Оглас -

Најнови вести