Убави вести од Италија: Мајк Мењан ја мина ноќта во болница, но денеска ќе се врати во Милано

Голманот на Милан, Мајк Мeњан, ја помина ноќта во болница во Удине откако беше изнесен на носилки по жестокиот судир со соиграчот Алекс Хименес во второто полувреме од синоќешната победа на Милан од 0-4 против Удинезе.

Клубот потврди дека Мењан ќе се врати во Милано во сабота, откако поминал 12 часа под интензивно набљудување во болница.

Инцидентот се случи во 51-та минута од натпреварот, кога Милан веќе водеше со 0-2. Мењан ја напушти својата голманска зона во обид да дојде до топката, но се судри со Хименес и се онесвести откако доби жесток ударот во главата.

- Оглас -

Најнови вести