Убави вести за Реал: Милитао се враќа во натпреварувачки ритам

Реал Мадрид добива сериозно засилување пред клучниот дел од сезоната, откако Едер Милитао конечно се враќа во строј.

Бразилскиот дефанзивец, кој беше надвор од терените од почетокот на декември поради тешка повреда, веќе одработи три последовни целосни тренинзи и ќе му биде на располагање на стручниот штаб за натпреварот против Мајорка на 4 април.

Милитао се рехабилитираше од сериозна повреда, скинати мускулни влакна на бутниот мускулна левата нога, со зафатен проксимален припој на тетивата, но очигледно успешно ја завршил фазата на опоравување.

Неговото враќање доаѓа во вистински момент, бидејќи веднаш по дуелот со Мајорка, Кралевите ги очекува првиот четвртфинален судир во Лига на шампиони против Баерн Минхен.

Со оглед на лошите изданија на одбраната во изминатиот период, присуството на Милитао може да биде клучно оружје за Реал Мадрид во борбата за трофеи.

- Оглас -

Најнови вести