Одлична вечер имаа домашните екипи и сите успеаја да победат во 29. коло во Евролигата, па гостите денеска си заминаа со празни раце.
Денот почна со убедлив триумф на Анадолу Ефес против Жалгирис со 89:62, што им е седмата победа на Турците во серија, која ги доведе до третото место на табелата со биланс од 18 победи и 10 порази.
Басконија потоа успеа да го победи Баерн со 78:71 што беше и меч со најмал разлика вечерва во корист на домашните екипи. Олимпијакос направи пресврт против Зенит и победи со 75:61, иако на полувремето имаше двоцифрена негатива од 30:41. Гостите одиграа катастрофална последна четвртина во која примија 21 поен, а постигнаа само пет.
Во најтврдиот меч вечерва Валенсија го победи поранешниот европски првак Фенербахче со 66:52.
Defense ➡️ Offense
Louis Labeyrie blocks and @SamyV09 with the dazzling finish!#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/oaEzBZGfvw
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) March 12, 2021
И тука се случи еден тим да не успее да ја мине двоцифрената граница во една четвртина. Валенсија одигра скромно во третиот период што го загуби со 8:11, но блескаше во финишот и клучната разлика ја направи во последната четвртина што им припадна на Лилјаците со 21:13.