Убавица направи трансфер во четврта лига, а стана вирален хит со над 20 милиони прегледи на веста (Фото)

Англиската фудбалерка Келси Роуз-Боуерс од Портсмут замина на позајмица во Борнмут, а иако Црешите имаат само 2.600 следбеници на „Икс“ (поранешен Твитер), веста со видео за трансферот стана вирална и видена е над 22 милиони пати.

Главна причина за ова е физичкиот изглед на 20-годишната Келси, за која сега веќе многумина сметаат дека е најубава фудбалерка на светот, или барем дека Алиша Леман има конкуренција.

Келси, која игра во одбрана, надвор од фудбалските терени сака да се облекува провокативно и да објавува фотографии од егзотични дестинации. Таа исто така работи и за една модна агенција.

- Оглас -

Најнови вести