Убаво е да се победи со 4:0 макар тоа било и против Гибралтар (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација со убедлива победа го заокружи циклусот од четири меча одигран во неполни две недели, во рамките од Лигата на нации. На арената „Тодро Проески“, Македонија со 4:0 славеше над Гибралтар, потврдувајќи дека сме за класа над овој ривал.

По четири одиграни кола, Македонија два пати славеше над Гибралтар, на гости кај Бугарија одигра 1:1, а дома загуби убедливо со 0:3 од Грузија, селекцијата која е прва во нашата група. Македонија со седум бода моментно е на второто место во групата, но не смее да се загуби надежта дека може да се стигне Грузија.

Против Гибралтар, Македонија одигра прво полувреме за памтење. По неполни четири минути игра поведовме со голот на капитенот Енис Барди.

Потоа се разигра Бојан Миовски кој прво ја погоди пречката, а потоа во периодот од неполни 150 секунди два пати погоди, па по 15 минути игра водевме со 3:0.

До крајот на првото полувреме погоди и Дарко Чурлинов во 30 минута, за 4:0 на полувреме.

Во вториот дел спласна темпото на игра, селекторот Милевски направи неколку замени. Шанса да играат добија Етеми, Фазлагиќ, Димоски, Доријан Бабунски и Гроздановски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести