33.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Убаво е да се види повторно насмеан, Елмас одигра едно полувреме за Лајпциг

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас доби шанса да го одигра целото второ полувреме на денешниот пријателски меч помеѓу Лајпциг и Аталанта.

Црвените бикови од Лајпциг загубија со 1-2, откако примија два гола во 86-та (стрелец Скамака) и 90-та минута (погоди Бернаскони), а на пауза водеа 1-0 со гол на Опенда.

Елмас го носеше дресот со бројот 45 и идејата е летово да се пресели во друг клуб, но додека не најде нова средина, добро е да игра за Германците.

Ова беше негов прв настап во дресот на Лајпциг по пауза од десетина месеци. Претходниот пат кога се појави на терен на стадионот во Лајпциг беше лани кон крајот на октомври во дуел од Купот на Германија.

- Оглас -

Најнови вести