Убаво личи шпанскиот тим на колото, има место и за Енис Барди (Фото)

Енис Барди за првпат е избран сезонава во идеалниот тим на Ла Лига, а македонскиот репрезентативец е награден со место во најдобрите 11 по одличниот настап за Леванте против Мајорка.

Барди во претходните неколку сезони откако игра во Ла Лига за Леванте, имаше неколку вакви признанија и избор во тим на колото, но во оваа сезона ова му е сефте.

Во идеалниот тим на 20-тото коло има уште двајца соиграчи на Барди, голманот Фернадес и стоперот Рубен Везо.

Реал Мадрид го има опасното напаѓачко дуо Бензема и Винисиус јуниор, а Бетис, Севилја, Елче, Реал Сосиедад, Атлетик Билбао и Осасуна имаат по еден играч во најдобрите 11 за 20-тото коло во Ла Лига.

https://twitter.com/WhoScored/status/1480831172745781249?s=20

- Оглас -

Најнови вести