Убаво тргна годината за Џани Алиоски, постигна гол против ѕвезден тим (Видео)

Езџан Алиоски е првиот македонски фудбалски репрезентативец, кој постигна гол во новата 2022 година. Алиоски од пенал погоди за изедначување на 2-2 по првото полувреме на дуелот помеѓу неговиот Ал Ахли СЦ и Ал Шабаб.

Ал Шабаб е второпласиран на табелата во првенството на Саудиска Арабија, а најистакнати членови на овој клуб се Евер Банега и Паулињо. Гостите водеа 2-0, но Ал Ахли дојде на 2-2 пред крајот на првите 45 минути.

Ова е голот на Алиоски, голманот на Ал Шабаб немаше никаква шанса да одбрани:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести