Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром загуби со 80:64 од Рогашка, во меч од второто коло на регионалната АБА 2 лига. Аеродромци пред мечот беа во улога на фаворит, но на теренот едноставно беа немоќни против тимот од Словенија.
МЗТ добро го започна мечот и поведе со 10:5 по пет минути игра, но потоа следуваше серија од 10:0 на Рогашка за пресврт и водство на Словенците од 15:10. Од тој момент, па сè до крајот Рогашка постојано имаше предност.
Во втората четвртина, МЗТ се држеше до моментот кога имаше само два негатива (27:25), а потоа со нова серија на Рогашка од 13:2 Словенците стигнаа до двоцифрено водство од 40:27.
🚨 BUZZER-BEATER! 🚨
Domen Bratož from downtown!@kkrogaska | @kkmztskopje #ABALiga2 pic.twitter.com/0kq6m6gpE8
— ABA Liga 2 (@ABA_League2) October 14, 2021
Во второто полувреме МЗТ само еднаш намали на едноцифрена негатива (37:45), но Рогашка веднаш возврати и предноста стигна до 15 поени (58:43). Во последната четвртина наместо МЗТ да се обиде да дојде до неизвесна завршница, се случи спротивното.
Рогашка заигра уште подобро и со серија од 14:4 стигна до најубедливата предност од 78:55 за да нема дилеми кој тим ќе победи на крајот.
Кај МЗТ најефикасни беа Стојановски и Дејвис со по 12 поени, а по 10 постигнаа Мекиќ и Вер.