25.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Убедлив пораз на младите кошаркари, Французите постигнаа двојно повеќе поени

Кадетската кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз во второто коло од групната фаза на Европското првенство до 16 години А-дивизија, кое се одржува во Скопје.

По победата во првото коло над Белгија од 63:57, избраниците на селекторот Александар Јованчев, денеска доживеаја пораз од 113:56 од врсниците од Франција.

Дилемите околу победникот беа решени по првото полувреме кое и припадна на Франција со убедливи 60:32. Најдобар кај Македонија беше Доријан Ивановски со 16 поени, а по десет дадоа Никола Јаничиќ и Лука Марјановиќ, додека кај Франција, Акрам Нажи и Јонас Булефа дадоа по 16 поени.

Македонија следниот натпревар во групата Б ќе го игра против лидерот на табелата, Литванија, која славеше во првите две кола.

- Оглас -

Најнови вести