28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Убедлив пораз на Спартанците од Египет

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го загуби првиот натпревар на Медитеранските игри. Со убедливи 0-3 во сетови (23-25, 23-25, 20-25), Египет беше подобар од нашите Спартанци.

Ѓоргиев и дружината добро се држеа во првите два сета и до последно имаа шанси да ги освојат, дури и стартуваа со водство од 4 поени во воведниот сет. Египќаните во финишот од двата сета остваруваа пресврт, па за сигурен начин ја заверија победата само по три сета.

Најдобар поентер на натпреварот беше нашиот капитен Никола Ѓоргиев со 22 поени, додека најефикасен играч од противничката страна е Ахмед Омар со 16 поени.

Македонија утре во 10 часот наутро го игра вториот натпревар на МИ против Италија.

- Оглас -

Најнови вести