3.8 C
Skopje
вторник, 23 декември 2025

Убедлив пораз на Црвена ѕвезда во Париз

Кошаркарите на Црвена ѕвезда доживеаја тежок пораз на гостувањето во Париз, откако беа совладани со 102-92 во „Акор арената“ во 18-тото коло од Евролигата.

Париз влезе во мечот со сериозна резултатска криза, 10 порази во последните 11 натпревари, од кои шест последователни во Евролигата, која беше прекината токму против Црвена ѕвезда, и тоа со убедлива и енергична игра.

Џаред Батлер одигра блескава партија и постигна 31 поен. Кај Црвено-белите, Чима Монеке се истакна со двоен ефект, 17 поени, 10 скокови и пет асистенции. Сепак, славеше францускиот тим, за кој Џастин Робинсон уфрли 16 поени, а го следеа Хифи (15) и Стивенс (14).

Во другите натпревари, Баерн Минхен загуби на домашен терен од Хапоел Тел Авив со 72-82, на дебито на новиот тренер Светислав Пешиќ. Брајант со 18 поени ја предводеше победничката екипа, додека кај Баерн, Обст исто така постигна 18 поени. Пешиќ, со 76 години, три месеци и 25 дена, стана највозрасен тренер во историјата на Евролигата, надминувајќи го рекордот на Аита Гарсија Ренесес.

Во шпанскиот дуел, Валенсија дома го совлада тимот на Басконија со 91-81. Костељо со 18 и Монтеро со 16 поени беа први стрелци за Лилјаците, додека македонскиот репрезентативец Мур забележа 11 поени. Кај Басконија, Оморуџи се истакна со 17 поени.

- Оглас -

Најнови вести