Убедлив пораз против Полска за нашите најдобри кошаркари на првата контрола во Белград

Македонската кошаркарска репрезентација, загуби од Полска со 81-97 во првиот од двата пријателски мечеви на овие тимови. Втората контрола се игра утре од 13 часот, истотака во „Халата на спортови“ во Нов Белград.

Селекциите на Македонија и Полска се подготвуваат за настап во претквалификациите за Олимписките игри, а според вечерашниот резултат, Полјаците се посилни и подобро подготвени во моментов.

Ти Џеј Шортс со 18 поени бил најефикасен кај Македонија, 15 поени постигнал Стојан Ѓуроски, а двоцифрен бил и Војдан Стојановски со 13. Македонија имала 16 скока помалку, а сме имале и лоша реализација на слободните фрлања, само 56 отсто успешност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести