Кошаркарите на Црвена ѕвезда ја забележаа и втората победа оваа сезона во Јадранската АБА лига, откако на домашен терен ја декласираа Игокеа со 91-68. Победата можеше да биде и далеку поубедлива, доколку домашните не се опуштеа во последната четвртина, која има припадна на гостите од БиХ со 16-21.
Мечот започна израмнето, а „црвено-белите“ на првата мини-пауза заминаа со предност од само 22-19, откако претходно беше нерешено 19-19. Сепак, серијата на домашните започна во вториот период, а продолжи и во третиот. Овие две четвртини ги добија со вкупни 53-28, што беше и повеќе од доволно за победа.
Мајк Даум со 16 поени беше најефикасен во победничката екипа и воопшто на натпреварот.