8.8 C
Skopje
четврток, 8 јануари 2026

Убедливи порази за Црвена ѕвезда и Партизан, Фенербахче го доби дербито со Олимпијакос

Кошаркарите на Црвена ѕвезда претрпеа тежок пораз од Валенсија со 89-106 во Белград, во 20-тото коло од Евролигата. Празничната вечер, каде што гостуваше лидерот на елитното натпреварување, не помина според очекувањата на домашната публика.

Шпанскиот тим уште од самиот почеток го наметна својот ритам и постојано ја зголемуваше предноста. Црвена ѕвезда успеа кратко да се врати во игра во текот на третата четвртина, најавувајќи можен пресврт, но таа енергија брзо згасна и гостите повторно ја презедоа целосната контрола.

Реал Мадрид со пресврт славеше на гостувањето кај Асвел во Франција со 80-69. Клучна за триумфот беше последната четвртина, која Кралевите ја добија со 24-8. Лајлс со 21 поен и Кампацо со 15 поени беа најдобри кај Реал, додека кај Асвел, Ватсон постигна 14 поени.

Партизан продолжува со лошата серија во Евролигата и со петтиот пораз по ред, овојпат од Монако (84-101), остана на дното на табелата како дваесетти тим.

Монако водеше цел натпревар, а францускиот тим заслужено стигна до триумфот. Домашните се одлепија двоцифрено на почетокот на вториот период и постојано ја одржуваа таа разлика. Дијало со 14 и Миротиќ со 13 поени беа лидери кај Монако, додека кај Партизан, Стерлинг Браун постигна 19 поени.

Кошаркарите на Фенербахче го совладаа Олимпијакос со 88-80 во дербито од 20-тото коло на Евролигата. Најефикасен на натпреварот беше Саша Везенков со 24 поени и шест скока. Хол додаде 16 поени и 11 скока, додека Дорси и Фурние постигнаа по 15 поени. Кај Фенербахче се истакнаа Хортон-Такер со 17 поени и шест скока, Болдвин со 17 поени, 11 асистенции и шест скока, Бостон со 14 поени, како и Мели со 11 поени и седум скока.

Со оваа победа, Фенербахче се искачи на врвот на Евролигата со скор 13-6, додека Олимпијакос падна на 11-8 и моментално се наоѓа во плеј-ин зоната.

- Оглас -

Најнови вести