Убиен еден од најдобрите млади спортисти во Украина

По започнувањето на воениот напад на Русија врз Украина, меѓу жртвите во конфликтот има и спортисти. Од Украина пристигна ужасна вест дека загинал еден од најталентираните украински спортисти, Јевен Малишев.

Се работи за 20-годишен бијатлонец, кој реши да ја прекине кариерата за да застане во одбранбените украински редови.

„Сочувство до семејството и пријателите. Ќе останеш во вечно сеќавање“, соопштија од Бијатлонската федерација на Украина.

Малишев беше член на младинската репрезентација во бијатлон, а убиен е во борбите во Харков, каде што бил на воена служба.

Претходно во воените напади загинаа и двајца млади фудбалери. Прва жртва беше 21-годишниот Виталиј Сапило, а потоа загина и 25-годишниот Дмитро Мартиненко.

- Оглас -

Најнови вести